Нова тепачка во НБА-лига! Кари ги „реши“ Маверикс – им следи соочување со Дончиќ (ВИДЕО)
Кливленд стигна до нова победа, седмата во низа и се зацврсти на врвот на Истокот. Кавалирс славеа против Мемфис на домашен терен со 129:123 во доста возбудлив меч, кој за жал ќе биде запаметен по тепачката која се случи во третата четвртина.
На останатите средби, Далас без Лука Дончиќ беше совладан од Голден Стејт со 126-102. Стеф Кари беше најефикасен со 30 поени, седум асистенции и четири скока. Батлер додаде 18 поени, со пет асистенции. На другата страна, Ирвинг постигна 17 поени, шест скока и четири асистенции, Вашингтон додаде 17, со четири скока.