Дете-пешак удредно зад „Скопјанка“ од 23-годишник со мопед – однесено е во болница, има повреди
На еднонасочната улица позади трговскиот центар „Скопјанка“, постојано се вози двонасочно алармираат жителите откако дете било удрено од мотор. На улицата, бараат да има и соодветен пешаки премин.
„На оваа улица позади т.ц Скопјанка која е еднонасочна, но се вози двонасочно на делот од скаличките до паркингот да се обележи пешачки премин и некој знак за пешаци. Секој дневно од тука идат и се вракаат ученици од О. У Браќа Миладиновци и е опасно за нив денес беше удрено дете од мотор а и претходно имало слични инциденти за среќа без последици како денес“, се вели во апелот на жител кој живее овде.
„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде велат дека пешакот има повреди.