Годините не му можат ништо, нова мајсторија на Меси (ВИДЕО)

5

Лионел Меси му помогна на својот Интер Мајами да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите во КОНКАКАФ, постигнувајќи гол во двата меча против Спортинг Канзас Сити.

На вкупно 42 настапи за Интер Мајами, тој постигна 36 гола и запиша 20 асистенции. Неговата ефикасност е исклучителна – постигнува голови во просек на секои 92 минути, додека директно асистира по гол на секои 59 минути. Во МЛС постигна 18 гола и имаше 12 асистенции на 24 натпревари.

Makedonski