Арсовска пак смени директор, четврта среќа: Хусини ќе раководи со „Дрисла“, наместо Јосевски

1

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска повторно смени директор на јавно претпријатие, на осум месеци пред изборите. „Дрисла“ сега ќе го управува Самир Хуесини, дознава „Скопје1“ од свои извори. Лицето е непознато за јавноста, а Град Скопје втора недела молчи кој е човекот и која е неговата биографија.

Хусеини е четврта среќа на Арсовска во ова претпријатие. Пред тоа, го раководеа Јане Мицевски кој по кавгата ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска, беше разрешен. На негово место дојде Александар Кузинаков кој издржа и најдолго на позицијата, речиси две години. Директорувањето го презема Ненад Јосевски во август 2024, а неговата функција заврши со истекот на шестиот месец, по што е сменет.

„Скопје1“ побара одговори од Град Скопје, зошто го разрешила Јосевски, кој е новиот кадровник Хусини, но и какво работно искуство има. Прашавме и која е поентата на честото менување на директори и колку ова штети на претпријатијата. Не добивме одговор.

Крајот на јануари, Данела Арсовска направи петта смена на директор во Комуналнa. Новиот го поддржува УЧК, им ги чкрта лицата на Стево и Гордана, бојкотира „Кам“ и „Стокомак“, а го поддржува ДУИ.

Вчера, заменик-градоначалникот Александар Трајановски се повлече од функцијата, а од Град Скопје излегоа со информација дека тој бил разрешен уште пред три месеци. Вакви случаи имаше и во минатото.

Makedonski