Вработен во Универзитетската клиника по Хируршки болести „Св. Наум Охридски“ незаконски посвоил дете.

137

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за случај на незаконско посвојување на бебе преку нотар.

Се работи за родилка од Куманово која преку посредници била запознаена со брачен пар кој пак на незаконски начин сакале да го посвојат новороденчето.

Родилката која била во тешка финансиска состојба и со повеќе деца се согласила на предлогот на брачниот пар да и се исплатат 4000 евра и да се потпише изјава на нотар со која се признава првообвинетиот како татко на новороденчето и се доделува старателството со оствање на воспитување и издржување.

Обвинителството гони пет лица, а првообвинетиот кој на нотар бил заверен како татко и родилката добиле ефективна мерка притвор. На останатите тројца им е определена мерка куќен притвор.

Експертите велат дека за да се превенираат вакви случаеви кои се доста чести особено кај родилките и семејствата со тешка финансиска состојба потребна е едукација и зголемена информираност за потенцијалните криминални дејанија на одредени организирани криминални групи кои се занимаваат со трговија на деца и слично.

Makedonski