После историската партија Јокиќ „ладен како шприцер“ (ВИДЕО)

2

Никола Јокиќ пружи историска партија, го стори она што на никој не му успеа претходно во НБА-лига. Во победата на Денвер над Феникс (149:141) запиша трипл-дабл (31 поен, 22 асистенции, 21 скок) и стана првиот играч со 30+ поени и 20+ скокови и асистенции во еден натпревар.

„Никој никогаш не го направил тоа, не можеме да веруваме“, беше воведот на прашањето на двајцата коментатори.

Makedonski