ВМФЛ: Лидерот има тешко гостување кај Саса, во Кочани дерби на истокот, Победа ја дочекува Беласица
Денеска од 14 часот на програмата се сите осум средби од 20.коло во ВМФЛ. Како што се наближува финишот на тековната сезона, така е се поинтересно, посебно за врвот.
Македонија ЃП е пред голем предизвик. Лидерот има тешко гостување во Македонска Каменица кај Саса. Тука се е можно.
Осогово и Брегалница играат во Кочани, ова е и соседско или дерби на истокот. Под Маркови Кули во Прилеп, екипата на Победа се среќава со Беласица со надеж дека ќе освои нопви бодови.
Второпласираниот Башкими го дочекува Охрид и јасно е дека оди по целиот плен.