Јамал запиша нов рекорд, Фердинанд порача: Никогаш не сум видел нешто слично….
Ламине Јамал испиша рекорд во Лигата на шампиони. Тој стана најмладиот играч кој на 17 години и 241 ден постигнал гол и запишал асистенција на еден меч во елитното клупско натпреврување. Тој во 11. минута асистираше до Рафиња за 1-0, а потоа во 27. минута самиот постигна гол за предност од 2-1 за „Каталонците“.
Ламине Јамал, младиот талент на Барселона, веќе стана светска сензација во фудбалските кругови. На само 16 години Јамал се етаблира како клучен играч за каталонскиот клуб и шпанската репрезентација. Тој и Барселона вчера влегоа во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупни 4:1 против Бенфика.