Доминација на Мекларен, Норис со пол-позиција за ГМ во Австралија!
Првата квалификациска сесија во сезоната во Формула 1 ја одбележа доминацијата на Мекларен. Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата на неделната трка за Големата награда на Австралија, додека неговиот тимски колега Оскар Пјасти ќе стартува од второто место.
Со овој резултат Мекларен најавија дека се подготвени оваа сезона уште пожестоко да влезат во борбата за титулата кај возачите и со тоа да ја прекинат четиригодишната доминација на Верстапен. Трката в недела ќе започне во 5 часот.