МВР и Министерството за здравство информираат за 51 жртва и 118 хоспитализирани повредени лица

29

Она што досега го соопштија и министерот за здравство Арбен Таравари и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски како официјални досегашни информации е дека рано утринава во пожарот во Кочани загинале 51 млад човек, а по клиниките низ Македонија се хоспитализирани 118 тешко повредени лица.

Од досегашните информации на МВР се претпоставува дека пожарот настанал од пиротехничките средства кои биле користени на сцената за време на настапот на групата „ДНК“.

Приведен е сопственикот на дискотеката, а се чешлаат и сите документи кои претходно биле потребни за реализација на еден таков настан.

Во моментов стигаат информации од сите скопски клиники со списоци на хоспитализирани лица се со цел да можат нивните семејства полесно да ги пронајдат.

 

Makedonski