Здружението „Нова политичка емиграција на Македонските Бугари“ од Бугарија со соопштение по повод трагедијата во Кочани
До редакцијата на „Македонски Радио Портал“ пристигна соопштение од Здружението „Нова политичка емиграција на Македонските Бугари“ од Бугарија во однос на случувањата после големата трагедија во Кочани:
Република Бугарија изрази длабока солидарност кон трагедијата која се случи на 16 март во Кочани.
Во вечерните часови, бугарски граѓани се собраа пред Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија за да изразат сочувство кон жртвите на оваа трагична несреќа.
Присутните запалија свеќи, положија цвеќе и со едноминутно молчење и на колена го изразија своето сочувство.
Во амбасадата пристигна и отповиканата амбасадорка Агнеса Руси Поповска, која искажа благодарност до Република Бугарија за пружената помош.
Во амбасадата ќе биде поставена и книга за жалост, каде граѓаните ќе можат да изразат свои сочувства.
Исто така од Здружението упатуваат порака до семејствата на сите пациенти кои се лекуваат на клиниките во Софија и Пловдив и Варна:
Во врска со трагичната несреќа која се случи на 16 март 2025 година во дискотека „Пулс“ во Кочани, сите семејства на повредените кои ќе бидат лекувани во Република Бугарија можат да се обратат за каква било помош или информации:
Информации за лекување и болници: Обезбедување на сите потребни податоци за медицинските установи каде се лекуваат повредените, како и процесот на прием и третман.
Помош за престој: Организирање на логистичка поддршка за престој на семејствата на повредените, вклучително сместување и превоз.
Психолошка поддршка: Обезбедување на контакти за психологска помош и советување за семејствата кои минуваат низ оваа тешка ситуација.
Со цел да обезбедиме поддршка за сите засегнати, ги обезбедивме следниве телефонски броеви за контакт, кои ќе бидат активни од 21:00 часот, македонско време:
+359886007837
+359886007767
+359886007197