Покрај Кочани и Штип, се палат свеќи и во Скопје, а за утре се најавува и во Тетово

157

Вечерва во градскиот парк во Кочани и на плоштадот во Штип спонтано се собра поголема група на граѓани кои палеа свеќи и ја поделија својата тага помеѓу своите сограѓани.

Во исто време се палат свеќи и во „Жена парк“ во Скопје, а на социјалните мрежи веќе се најавуваат мирни собири за утре во Тетово.

Ве замолуваме да ја споделите оваа порака и да ја пренесете низ целиот град.
Поради денешната трагедија, утре во 18:00 часот 17.03.2025 ќе се собереме на Градскиот плоштад во Тетово заедно да запалиме свеќа во чест на починатите.
Нека овој мал чин биде знак на почит, солидарност и поддршка за семејствата што изгубија најблиски. Ве молиме сите што сте во можност да дојдете и да оддадеме почит заедно.
Споделете ја пораката, да покажеме дека сме обединети во тагата.
се вели во објавата на социјалните мрежи.
Makedonski