Меси со нова мајсторија стигна до ново големо остварување во кариерата (ВИДЕО)
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го постигна својот прв гол во новата сезона во МЛС. Фудбалерот на Интер Мајами го постигна првиот од двата гола на својот тим во победата од 2-1 на гости кај Атланта Јунајтед.
Тоа беше прв гол на Меси во четвртото коло во новото издание на МЛС шампионатот, а има и две асистенции. Со овој гол Меси ја продолжи својата неверојатна серија. Тој постигна гол во сите 22 професионални сезони во кои играше.