Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство
Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како и на Славија, каде што ќе бидат поставени бина, хор и говорници. Огромен број граѓани се движат кон центарот на Белград, а воени ветерани формираа кордон пред Собранието. По централните улици се распоредени силни полициски сили. Во населбата Жарково, во инцидент биле соборени три лица.
Колоните демонстранти, кои одговорија на повикот на студентите во блокада, пристигнуваат од сите делови на градот. Набљудувачите оценуваат дека станува збор за историски протест. Дождот малку стивна, а додека низ споредните улици луѓето се движат, на Булеварот кај Ташмајдан во близина на Собранието речиси нема простор за поместување. Рестораните и кафулињата работат со полн капацитет, а луѓето чекаат ред за тоалет или кафе за носење, јавуваат репортерите.
Samo na Banovom brdu 60 hiljade ljudi #Dron#Beograd#Srbija#SrbijaProtivNasilja #pumpaj#sns#gotovje #caosvima pic.twitter.com/CdA6odxLof
— Yamamoto 🌐 (@Yamamoto434) March 15, 2025
Студентите од Факултетот за драмски уметности, кои се дел од блокадата, објавија на социјалната мрежа „X“ дека сите комуникациски мрежи во Белград ќе бидат исклучени. „Птичка јавува: сите мрежи во Белград ќе бидат исклучени, нема да има можност за комуникација“, стои во објавата на профилот „ФДУ во блокада“.
Ptičica dojavljuje: u 4 gase SVE mreže u Beogradu, neće biti prilike za komunikaciju.
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) March 15, 2025
Помала група демонстранти пристигна во Пионерскиот парк, каде што е поставен камп организиран од поддржувачи на власта кои бараат студентите да се вратат на факултет. Запалени се факли на Плоштадот Никола Пашиќ, додека полициските бригади се распоредени околу зградата на Претседателството.
Граѓаните масовно се собираат пред Собранието. Пред бината е поставена висока ограда, зад која се редарите. Неколку метри зад нив се распоредени воени ветерани, кои го формираат првиот ред на редарите.
И покрај известувањето кое пристигнало до вработените во Радио-телевизија Србија дека работните активности ќе се одвиваат нормално, телевизиската програма на РТС е префрлена во Кошутњак.
Групата од Плоштадот Република, која носеше макета, пристигна на платото кај Собранието. Колона студенти и граѓани, предводена од студентите на ФДУ и други факултети на Универзитетот за уметности, се движи по Таковска улица. Граѓаните ги пречекуваат со аплауз и повици „Пумпај“. Од Плоштадот Република пристигнува уште една колона.