Тетовчани палат свеќи на градскиот плоштад
И покрај дождливото време како што беше најавено уште синоќа, вечерва околу 18:00 почна мирниот собир на тетовскиот градски плоштад на кои голем број на граѓани со цвеќе и свеќи ја изразија својата жалост и солидарност со кочанчани.
Река од народ во моментов се слева од сите краеви на Општина Тетово кон градскиот плоштад.
Почит за загинатите во Кочани беше оддадена и попладнево во тетовскиот соборен храм „Св Св Кирил и Методиј“, а на плоштадот градоначалникот Касами и членовите на Советот на Општина Тетово запалија свеќи положија свежо цвеќе.