Феникс на крајот на сезоната ќе го отпушти Буденхолцер
Мајк Буденхолцер, по се изгледа, по завршувањето на сезоната ќе добие отказ на тренерското место во Феникс.
„Повеќето луѓе веруваат дека Дурент ќе биде разменет ова лето, но моите извори велат дека тој ужива да игра со Букер и да живее во Феникс. Санс би можеле да го отпуштат Буденхолцер и да ангажираат тренер кој може да работи со две ѕвезди “, напиша колумнистот Сем Амико.