Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи и оддадоа почит од 75 минутен молк за загинатите во пожарот и несреќата на железничката станица во Нови Сад, пренесува Н1.
На граѓаните и студентите во оддавањето почит им се придружи и амбасадорот на Македонија. За време на оддавањето почит, беше блокирана улицата Господар Јевремова, каде што се наоѓа амбасадата на нашата земја.
Студентите од Факултетот за медиуми и комуникации синоќа на својот Инстаграм профил ги повикаа граѓаните да им се придружат во акцијата „15 минути тишина“, во рамките на која ќе додадат една минута за секоја жртва од Кочани.
View this post on Instagram
A post shared by Ekonomski fakultet Univerziteta u Kragujevcu (@blokada_ekf)
Студентите на Универзитетот во Крагуевац во блокада ги повикаа своите сограѓани да оддадат почит на настраданите во пожарот во Македонија. Поменот ќе започне во 19 часот на Ѓачкиот плоштад пред Првата крагуевачка гимназија.
„Драги сограѓани, студентите на Универзитетот во Крагуевац ве повикуваат вечерва да ни се придружите на Ѓачкиот плоштад од 19 часот за заедно да им оддадеме почит на настраданите во Македонија“, стои на Инстаграм профилите на студентите во блокада на крагуевачкиот универзитет.