Погреби низ цела Македонија на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“

6

Македонија продолжува да бара правда за 59-те загинати во пожарот во ноќниот клуб и поефикасна борба против корупцијата, која се смета за одговорна за најтешката катастрофа во поновата историја на земјата. Властите приведоа околу 20 лица во врска со пожарот, меѓу кои и поранешни владини претставници, екс-директор на ДПИ, полициски инспектори и началници, менаџерот на клубот…

Погребот на 59-те жртви во ноќниот клуб ќе биде извршен денеска. На погребот ќе присуствува и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, како и неколку владици од Синодот.

Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други места од каде што има починати ќе бидат во различни временски периоди. Погребни церемонии ќе има и во Пробиштип и во Скопје

Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион по несреќата во дискотеката во Кочани, каде што згаснаа животите на 59 лица, повика со молитва кон Бога, со трпение, со смирение да се подготвиме и починатите да ги испратиме во вечноста и болните да се молиме Господ Бог да ги исцели и да ги излечи.

Тој изрази сочувство до родителите, роднините и блиските на починатите, а на починатите им посака човековљубивиот Бог да ги насели во царството небесно меѓу ангелите и светителите.

Makedonski