Амбасадорот Адеми: Во Мадрид донесени седуммина повредени во Кочани
Македонскиот амбасадор во Шпанија, Едмонд Адеми, објави на социјалните мрежи дека вечерва во Мардид пристигнале седуммина повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година во кој животот го загубија 59, а беа повредени на 190 лица.
„Вечерва во Мадрид пристигнаа седум пациенти повредени во трагичниот настан во Кочани. Сместени се во две Универзитетски клиники“, напиша Адеми на социјалните мрежи изразувајќи благодарност до шпанската влада, шпанското министерство за здравство и Регионот на Мадрид кои, како што рече „го превеземаа лекувањето на овие 7 млади луѓе“.
Тој најави дека Амбасадата ќе биде целосно на располагање во текот на нивното лекување во Мадрид и им посакува брзо заздравување.