Рафиња ја зовре атмосферата пред дербито Аргентина – Бразил!
На преминот од вторник кон среда, со почеток од 01 часот, се игра големото дерби во квалификациите за СП 2026 меѓу Аргентина и Бразил Секако дека ниту еден меч кога играле овие две селекции, не е пријателски, а посебно сега.
И како што е тоа по обичај, секогаш има некој кој ќе ја “запали“ уште повеќе атмосферата пред овој меч, кој во буквална смисла е “класико“.
Тоа е сега Рафиња, кој во еден подкаст заедно со Ромарио буквално пцуеше по Аргентинците. Кажа и дека Бразил ќе ја тепа Аргентина и надвор од теренот ако треба.
И кога е така, не требаше многу за да Аргентинците одговорат.