Маџовски: Клучна е улогата на општинските инспектори во сегментот на колективното домување
На гостување во утринската програма на МРТВ, претседателот на Регулаторната комисија за домување на Македонија, Зоран Маџовски ја потенцираше улогата на општинските инспектори во однос на колективното домување, инспекциските надзори на колективните згради како и реглуирањето на недостатоците кои ги имаат токму тие колективни згради во поглед на безбедносните аспекти поточно противпожарната заштита.
Законска обврска е на општините да имаат доволен број на инспектори кои ќе вршат наздор врз колективното домување што во Македонија и не е практика односно за волја на вистината во последниот период успеавме да издејствуваме зголемување на бројот од досегашните 10 на 15 инспектори кои ја вршат својата законска обврска на територијата на општините во склоп на Град Скопје.
Исто така Маџовски се осврна на условите кои законски мора да се исполнат за да првенствено се добие дозвола за градба на колективна зграда за домување како и потребата од поажурно вклучување на градоначалниците во целиот овој сегмент од општественото функционирање.
Потребата на станбените управители да прават редовен увид во сите досиеја на колективните згради за домување за да имаат претстава за тоа дали и колкав број на ПП елементи треба да поседува една колективна зграда за домување. А тука свој удел имаат и инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување врз чија одговорност и паѓа поседувањето, контролата и регулирањето на противпожарните елементи во една колективна зграда за домување.
на следниов линк можете да го погледнете гостувањето на претседателот на Регулаторна комисија за домување, Зоран Маџовски.