Викендов започнува летното сметање на времето

7

Викендов ќе започне летното сметање на времето. Македонија и оваа година, како и сите европски земји, ќе премине од зимско во летно пресметување на времето.

Летното сметање на времето започнува во последната недела во март. Стрелките на часовникот во два часот наутро ќе се поместат за еден час нанапред, што значи дека ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.

Прашањето за поместување на часовникот секогаш предизвикувало поделби па вработените воглавно го поддржуваат бидејќи им овозможува да искористат малку сонце после работа додека земјоделците не се секогаш заговорници на таа пракса.

Летното сметање на времето е договореното правило за поместување на часовниците напролет, во последната недела од март. Овој систем во светот е стар повеќе од еден век. Предложен е 1905 од британскиот претприемач и градежник Вилијам Вилет, но бил прифатен во 1916 година со цел заштеда на јаглен.

Makedonski