Честитка на Мицкоски за Рамазан Бајрам: Продолжуваме заеднички да ја градиме Македонија

3

„Овој празник значи дека преку добри дела, заемно почитување, трпение и меѓусебно разбирање можеме да го победиме лошото. Заедно преку соработка, соживот, толеранција, вистински вредности и принципи ќе продолжиме да ја градиме заеднички Македонија во попросперитетна држава.
Нашата заложба како Влада е да ги негуваме културата, традицијата, различностите, но пред сè да реализираме проекти кои значат економски развој и напредок за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.
Сите заедно мораме да го смениме системот кој предолго ги оставал граѓаните без правда, достоинство и еднакви можности. Таа одговорност ја носиме пред сите сегашни, но и пред идните поколенија, да изградиме општество на фер вредности, слободни луѓе и силни институции.
Продолжуваме да ја градиме Македонија и заеднички да создаваме услови за сите.
На сите граѓани од исламска вероисповед им посакувам овие празнични денови да ги поминете во добро расположение, благосостојба и мир“, се вели во честитката на македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Makedonski