Бањаја победник на американското ГП во Остин
Италијанецот Франческо Бањаја е победник на третата трка од сезоната во Мото ГП шампионатот која доцна синоќа зсе возеше на патеката во Остин, САД. Возачот на Дукати ја оствари 40-та победа во кариерата, а 30-та во првата класа.
Марк Маркез направи голема грешка во деветтиот круг и излета од патеката, а Бањаја во тој момент го презема водството и успеа да ја задржи првата позиција.