Општина Тетово со покана за јавна дебата
Во објава на фејсбук страницата на Општина Тетово се најавува првата јавна дебата за предлог – имиња на улици:
Во петок, со почеток во 15:00 часот, организираме првата јавна дебата за предлози за имиња на улиците. Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците!Секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово!Заедно, отворено, транспарентно разговараме и даваме предлози.