Почнува Ф4 турнирот во Купот на ОФМ: Штип УГД подготвен да го брани трофејот
Со двата полуфинални дуели во машка конкуренција, денеска во салата „25 Мај“ во Радовиш започнува финалниот турнир од одбојкарскиот куп на Македонија во машка и во женска конкуренција.
„Очекувам возбудлива завршница на одбојкарскиот куп на ОФМ. Во полуфиналето не очекува дуел со Работнички, тим кој секогаш игра цврсто и мотивирано. Како бранители на трофејот, ние во Штип УГД сме максимално подготвени и мотивирани да ја одбраниме титулата. Знам дека нема да биде лесно, но ќе дадеме сè од себе да стигнеме до финалето и повторно да го подигнеме пехарот. Се надевам на добра игра и фер натпреварување, и ги поканувам и сите љубители на одбојката да дојдат и да ја поддржат својата екипа“, вели Алексов.