Куп на ОФМ: Финалистите „пукаат“ од самодоверба, кој ќе ги крене пехарите?

1

Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш попладнево ќе биде домаќин на двете големи финалиња во новото издание на одбојкарскиот Куп на Македонија. По дводневната полуфинална програма, денеска навивачите на четирите финалисти со нетрпение ги очекуваат финалните дуели по кои же ги добиеме првите носители на трофеи за оваа сезона.

Во машкото финале три часа подоцна (19 ч.) ќе гледаме очекувана финална пресметка меѓу двата убедливо најдобри тимови во домашното првенство оваа сезона. Бранителот на трофејот и лидер на табелата во првенството, Штип УГД денеска ќе оди на одбрана на куп-пехарот, додека се уште актуелниот шампион Струмица ќе се обиде да си го врати пехарот во своите витрини по една година пауза.

КУП НА ОФМ – „25 МАЈ“, РАДОВИШ

Makedonski