Клиперс го демолира Далас и предизвика мешаница на Западот за пласман во плеј-офот
Лос Анџелес Клиперс уште еднаш пред своите навивачи го демонтираа Далас Маверикс, овој пат резултатот гласеше 135:103. Клиперс остварија важна победа во борбата за директен пласман во НБА плеј-офот.
Во моментов на Запад владее општо лудило. Во игра за директен пласман во плеј-офот се сите екипи од третото до осмото место. Лејкерси моментално се на третата позиција со скоро 47-30, Денвер е четврти со 47-31, а Вориорс, Минесота, Клиперс и Мемфис имаат по 46 победи.