Вардар подобар од Бутел
Ракометарите на Вардар без посериозни проблеми славеа победа во второто коло од плеј-офот во македонската Суперлига со 35-26 против Бутел.
Бутел на Вардар му парираше само во почетните минути, а се потоа помина во знакот на Вардар. По водството од 9-5 црвно-црните го диктираа темпото и на одмор заминаа со водство од 18-14.
Во второто полувреме продолжи доминацијата на Вардар, додека Бутел не можеше сериозно да се закани.
Ашраф Маргели со девет голови беше најефикасен за Вардар, а Филип Николов стрелаше 12 пати на спротивната страна.
На ракометните терени денеска се одиграа и два натпревари во плеј-аутот во кои Струга со 26-24 беше подобра од Куманово и Прилеп со 23-20 го совлада Тинекс.