ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е прочитана приказна и приврзок на Заев
„Само 18 илјади луѓе сметаат дека Венко треба да ја води СДС. Истиот Венко, кој не одговараше за модуларна болница, за набавката на КОВИД вакцини од фантом фирма Старби, кој лажно вакцинираше член на фамилијата за пи-ар, работеше за богатење на неговиот ментор Заев кој сега гради згради по Дубаи. Филипче е поставен директно од Заев, за да работи за негови интереси, а знаеме дека интересите на Заев, се предавства за Македонија. Филипче е прочитана приказна на македонската политичка сцена. Филипче ниту е, ниту пак може да биде новото лице во СДС, тој е само обичен приврзок на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.