Рекорден буџет за одбрана од 1 трилион долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп и министерот за Одбрана, Пит Хегсет во понеделникот го објавија првиот во историјата предлог – буџет за Одбрана во САД кој чини 1 трилион долари, кој претставува рекордна сума за воени средства, пренесе „Политико“
Оваа сума ќе биде значително зголемување наспроти 892 милијарди долари одобрени од Конгресот за националните програми на Одбраната изминатата година.
Овие средства вклучуваат финансирање на Пентагон, нуклеарни проекти и програми за безбедност во други агенции. Овој предлог оди во моментот кога вооружените сили се обидуваат да да ги намалат за 8% индивидуалните буџети кои ќе се реинвестираат за нивна модернизација.
Хегсет исто така планира да го намали бројот на цивилни службеници на министерството за Одбрана низ целиот свет, особено откако Пентагон почна да работи по планот кој вклучува консолидација на внатрешните и меѓународните воени бази.