Сите би го менувале системот, но никој не сака да почне од себе
пишува: Дино Блажески
Како да станува помодарство на една генерација таканаречената „борба против системот“ па секоја година со некои нови „револуционери“ и нови начини на делување се „тргнува“ во поход на „менување на системот“. Но покрај „лошиот“ систем кој генерира „погрешни политики“ кои пак негативно влијаат на средината во која живееме и работиме постои уште еден поголем проблем за кој никој не сака да зборува, а како тргнало ни да го менува.
Секој процес на промена на државниот систем не може да профункционира ако не се „чепне“ во еден уште поважен сегмент од општественото живеење, а тоа е човековиот вредносен систем (или морален, како сакате така наречете го).
Тој вредносен систем е клучната алка која утре може да поведе во процес на менување „државен систем“ се со цел општествена промена од самата основа.
Па така во Скопје, град со пола милион луѓе, со никаква сообраќајна инфраструктурна стратегија, со автомобили пати два повеќе од бројот на население, како да не им е доволен самиот факт дека „неодговорната маса“ узурпира кај што ќе стигне со тоа што ќе го „натопори“ својот автомобил на секој еден можен тротоар па згора на сево ова и кантите за ѓубре, на сред јавна пешачка зона наречена тротоар.
Да, работниците од Комунално бараат во време кога се празнат кантите да бидат извадени надвор од дворовите но штом се испразнат ТРЕБА и да се вратат назад во дворот. Ние имаме случаеви каде кантите стојат 24 часа на тротоарите и покрај „натопорените“ автомобили на душегрижниците кои би менувале систем.
Епа така не оди работата.
Ако сакаме да менуваме систем за подобро утре, тогаш треба да почнеме од себе, затоа што промената почнува од себе!