ВМФЛ: “Лидерот“ со победнички мисли во Гевгелија, Скопје го дочекува Арсими!
Како што се наближува крајот на сезоната во ВМФЛ, така станува се поинтересна битката за оние први две места кои водат директно во елитата како и за третата позиција која води во баражот за пласман во ПМФЛ.
Па така денеска на програмата се сите средби од 24.коло кои ќе започнат од 16 часот.
Лидерот, тимот на Македонија ЃП гостува кај Кожув во Гевгелија. Јасно е дека “лавовите“ сакаат победа за да и натаму останат на чело на табелата. Вториот Башкими гостува кај Саса. Ова е тешко гостување за кумановци, но тие и досега покажале дека можат да дојдат до три бод на било кој терен.
Во пресрет на ова 24.коло, на делба на третото место се Арсими и Брегалница. Денеска составот од Чегране гостува на Автокоманда во Скопје, додека “сините“ од Штип играат со Вардар Неготино на гости.