Бугарските недвижности најскапи во Европската унија

10

Најголемо зголемување на цените на недвижностите помеѓу членките на Европската унија има во Бугарија (+18.3%), па следи Унгарија (+13%) и Португалија (+11.6%) известува „Евростат“.

Во четвртото тромесечие на 2024 година цените на становите анализирани според индексот на цените на живеалиштата, се покачиле за 4.2% во еврозоната и 4.9% во Европската унија во споредба со истото тромесечие на претходната година.

Пад на цените пак е забележан во Франција и Финска (по 1.9%), во споредба со претходното тромесечие каде најголемо зголемување на цените имало во Словачка, Словенија и Португалија, а намалување во Франција, Кипар и Естонија.

Makedonski