Почина режисерот на „Рамбо“ Тед Кочев

13

На 94 годишна возраст почина прочуениот режисер Тед Кочев еден од авторите на филмовите „Рамбо“, „Викенд кај Барни“, „Северен Далас 40“ и продуцент на популарната серија „Закон и ред“.

ќерката на Кочев, Кејт соопштила дека починал мирно додека бил на лекување во четврток вечерта на 10 април во болницата Нуево Најарит во Мексико.

Во интервју за „The Times“ во 1975 година Кочев ќе рече:

Чувството да се биде надвор од мејнстримот на општеството отсекогаш ме привлекувало. Сите мои дела се занимаваат со луѓе надвор или со луѓе кои не знаат што ги води“.

Инаку Тед Кочев е по потекло од селото В’мбел, Егејска Македонија.

Татко му бил роден во Пловдив, а мајка му живеела во Варна но се бегалци од В’мбел, Егејска Македонија. На три годишна возраст половина од семејството и е убиено од страна на османлиите, а другата половина успеала да побегне во Бугарија. И двајцата пристигнуваат во Канада на 17 годишна возраст.

Makedonski