Чекор по чекор кон ЕУ, нов пристап на германската владина коалиција за Западен Балкан
Во коалицискиот договор „Одговорност за Германија“ меѓу ЦДУ, ЦСУ и СПД, во една од точките е наведено дека „ЕУ мора да стане способна за проширување преку своите внатрешни институционални реформи. Ние се залагаме за чекор по чекор пристап кон интеграцијата за земјите кандидати. Ние сме за постепено вклучување во програмите и политиките на ЕУ, доделување статус на набљудувач во Европскиот парламент и Советот на ЕУ и придружно членство во одредени области како што се ЗНБП (Заедничка надворешна и безбедносна политика ) и Пристапните реформи во Западен Балкан (ПРЗБ), без право на глас. Пристап во ЕУ на шесте земји од Западен Балкан, Украина и Република Молдавија е во нивен заеднички интерес.
Овој проект ќе биде помаган преку Берлинскиот процес, затоа што мораме да им помогнеме на земјите од Западен Балкан“, се вели во коалицискиот договор на новата германска влада.