Шумахер со помош на сопругата се потпиша на кацига за хуманитарни цели
Миахел Шумахер, легендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1, потпиша специјална кацига за поддршка на добротворната организација на неговата колешка Џеки Стјуарт, Трка против деменција. Станува збор за кацига потпишана од сите 20 живи светски шампиони во Формула 1, а Стјуарт ќе ја носи за време на почесниот круг на Големата награда на Бахреин, на која се одбележува 60-годишнината од неговото деби во Формула 1.
Стјуарт ја основал организацијата Трка против деменција во 2016 година, откако на неговата сопруга Хелен и била дијагностицирана болеста. Целта на организацијата е да ги забрза глобалните научни истражувања насочени кон спречување и лекување на деменција, инспирирани од брзината и ефикасноста карактеристични за светот на Формула 1.