Книжевна средба во организација на Клубот на литературни творци Прилеп
Вчера во големата сала на ЈОУ Градска Библиотека „Борка Талески“ во Прилеп се одржа Книжевна средба и доделување на награди и признанија за учесниците на Традиционалниот конкурс “8-ми Март 2025” во организација на Клубот на литературни творци Прилеп.
Салата беше претесна за учениците нивните ментори и родителите кои уживаа во интерпретациите на поезијата од познати македонски поети како и од новите поетски надежи.
Целта на Клубот на литературни творци Прилеп, како и на Градската библиотека “Борка Талески”, и понатаму ќе остане да биде поттикнување на творечкиот потенцијал кај младите и промоција на нивните први чекори во светот на поезијата.