Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет
„Ова беше системот којшто ја парализираше нашата заедница и затоа категорично не смееме да го повториме“, напиша Таравари, додавајќи дека проблемите во системот не се само прашање на имиња, туку на групации и менталитети.
Тој апелира за суштинска промена во политичкиот пристап и ја нагласува опасноста од неуспехот да се направи таа промена: “Можеме да останеме со истите имиња, но мора да го смениме менталитетот, инаку повторно ќе паднеме во кругот на незаслужени придобивки, што поедноставено значи: ќе го одмараме нашиот грб на грбот на народот“.