Почина перуанскиот новелист и нобеловец Марио Варгас Љоса

2

Носителот на Нобеловата награда за литература, Марио Варгас Љоса почина вчера во Лима, Перу на 89 годишна возраст. Љоса беше еден од најзначајните латиноамерикански писатели.

Речиси до крајот на неговиот живот тој пишуваше, а неговите книги се преведени на многу јазици. Љоса има добиено бројни награди, вклучувајќи ја француската титула „Витез на Легијата на честа“, шпанската „Принц од Астурија“, како и наградата „Сервантес“ и Наградата за мир на германските книжари.

Перуанскиот новелист беше една од клучните фигури кои ја одбележаа латиноамериканската литература.

„Неговото заминување ќе ги растажи неговите роднини, неговите пријатели и неговите читатели ширум светот, но се надеваме дека тие ќе најдат утеха, како и ние, во фактот што тој уживаше долг, авантуристички и плоден живот и зад себе остави труд што ќе го надживее“, објавија неговите деца Алваро, Гонзало и Моргана Варгас Љоса.

Во текот на кариерата од 50 години, Љоса ја опиша моќта и корупцијата во серија романи, како „Времето на херојот“, „Разговор во катедралата“ и „Празникот на козата“. Тој исто така имаше и неуспешна кандидатура за претседател на Перу, негуваше долготрајна расправија со Габриел Гарсија Маркез и триумфираше како нобеловец во 2010 година.

Makedonski