Група студенти во Нови Пазар се обидоа да ги блокираат автобусите кои одат на собир во Белград
Група студенти во блокада во Нови Пазар денеска се обиде да го блокира тргнувањето на автобусите кои превезуваат граѓани кои сакаат да присуствуваат на денешниот централен собир „Србија не ја даваме“ во Белград, пишува Н1.
Студентите велат дека полицијата била насилна, дел од нив биле соборени, а дел повредени.
Еден од учениците, Давуд Делимеѓац, за Н1 изјави дека ја блокирале раскрсницата за да го спречат автобусот да тргне.
„Дојде полиција, седнавме на подот, пасивен пружавме отпор. Полицијата употреби сила, буквално не исфрли од патот. Повредени се неколку ученици, еден средношколец има повреди на главата и рацете, интервенирала Брза помош, изјави Делимеѓац.“ раскажува Давид
Студентите седеле на патот пред кружен тек во градот, од каде полицијата ги тргна, а автобусите поминаа.