Уапсени уште 7 припадници на МВР
ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведоа уште 7 полициски службени лица во врска со катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март со 61 жртва, а сите од Службата за внатрешни рабпти (СВР) Штип и од Полициската станица во Кочани.
Во притвор веќе еден месец се 7 други односно началници и инспектори од овие два града, а денеска ОЈО за гонење организиран криминал ја прошири истрагата.
Во тек е полициска акција, МВР обезбедува полициски службеници по поднесена кривична пријава, во рамки на предистражна постапка.
известува Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.