Алијанса на Таравари самостојно на локалните избори
Централното раководство на Алијансата на Албанците чиј лидер е Арбен Таравари вечерва донело одлука на претстојните локални избори да одат со сопствени листи.
Ние едногласно одлучивме и тоа е дефинитивно на локалните избори да одиме со свои кандидати и листи на градоначалници.
Ултиматумот кој ни го поставија од Вреди да одговориме до денеска исто како и предлогот да сме седнеле ние лидерите да сме кажеле кои ке бидат кандидатите за нас не е прифатлив и го отфрламе.
изјави Таравари после состанокот на централното раководство на АА.