Македонското студио „Фајнл Фронтиер Гејмс“ ги прекинува операциите за работа поради царините од САД врз Кина
Македонското студио за креирање на друштвени игри кое беше основано во 2014 година „Фајнл Фронтиер Гејмес“ (Final Frontier Games), задолжено за правење на неколку светски хитови во областа на друштвените игри, денес излегоа со соопштение дека ги прекинуваат своите операции за работа.
Целата проблематика доаѓа од компанијата и издавачот на друштвени игри „CMON“ со седиште во Кина, компанија која на Фајнл Фронтиер Гејмс им имаат дадено побарано голема нарачка за кинеска локализација на играта „Merchants Cove“ (нова и се уште не издадена друштвена игра). Компанијата на студиото не ни платила за ниту едно производство на играта, и дополнително ја имаат прекинато целата комункација со македонското студио. Според нив, прекинот на комуникација и неисплаќањето доаѓа по воведување на новите царини од Американската влада кон Кина.