Бахами: Спејс икс нема да слетува без проценка на влијанието врз животната средина

5

Владата на Бахами вчера објавила дека ги суспендира сите слетувања на ракетите на „Спејс Икс Фалкон 9“ во земјата.

Нема да се издаваат дополнителни одобренија додека не се разгледа целосната проценка на влијанието врз животната средина.

изјавил директорот за комуникации Латрае Раминг во објавата на социјалната мрежа Икс.

Од „Спејс Икс“ не одговориле веднаш на барањето за коментар.

Во февруари, при првото слетување на „Спејс Икс“ во земјата, владата на Бахамите соопшти дека одобрила уште 19 слетувања оваа година, што е предмет на регулаторно одобрување. Истрагата по лансирањето на Бахамите доаѓа откако вселенското летало „Спејс Икс Старшип“ минатиот месец експлодираше во вселената, неколку минути по полетувањето од Тексас.

На социјалните мрежи осамнаа видеа во кои се гледаат огнени остатоци кои се шират низ небото во близина на јужна Флорида и Бахамите.
Леталото се распадна во вселената набргу откако почна неконтролирано да се врти со исклучени мотори.

По инцидентот, Бахамите соопштија дека остатоци од леталото паднале во нивниот воздушен простор. Тие исто така изјавија дека остатоците не содржат токсични материјали и дека не се очекува да имаат значително влијание врз морскиот свет или квалитетот на водата.

Makedonski