Зоран Љутков: Добивме шанса да бидеме креатори на нови иницијативи и да ги споделиме вредностите на нашето културно наследство.
„Рута на Св. Кирил и Методиј“, „Винска рута-Итер Витис“ и „Рута на римски иператори и Дунавска винска рута“ се културните рути на Советот на Европа во кои е вклучена и С. Македонија.
На отворањето на Форумот кој е посветен токму на културните рути на Советот на Европа свое излагање имаше и министерот за култура и туризам Зоран Љутков:
Културните рути не се само туристички патеки. Тие се патишта на вредности, дијалог, споделено наследство и европско заедништво. Затоа Форумот е одлична можност за дискусија, размена на идеи, мислења и искуства со експерти и учесници од различни сфери за идниот развој на оваа област. Наша обврска е да ги истакнеме и презентираме вредностите со кои располагаме – од античките траги до современите културни практики, од духовното наследство до живата традиција
Министерот Љутков потенцираше дека Културните рути на Советот на Европа се важен инструмент за развој на културниот туризам, кој ќе го зголеми културниот и туристички интерес за нашата држава како дестинација и ќе придонесе за зајакнување на економијата преку туризмот.