Христос Воскресна – Навистина Воскресна!
Православните но и Католичките верници денеска го слават најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, денот кога Исус Христос воскреснал од мртвите.
Во сите православни храмови ширум Македонија се одржува Воскресенска велигденска литургија. Верниците се поздравуваат со традиционалниот поздрав „Христос воскресе – Навистина воскресе“ и денеска се кршат велигденските јајца.
Христовото воскресение – Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите, подарувајќи вечен живот на оние што веруваат во него.