Вреди: Патот Тетово – Призрен ќе стане реалност
Формирана е заедничката работна група меѓу Македонија и Косово за стратешкиот проект за изградба на патот Тетово-Призрен. Ова е проект кој со години беше сон за нашите граѓани, а сега со конкретни чекори го претвораме во реалност. Со формирањето на оваа група започнуваме нова фаза на дејствување и посветеност. Преку овој проект ќе поврземе два историски града и ќе го олесниме движењето на граѓаните, се вели во денешното соопштение на коалицијата Вреди.
-Дел од оваа работна група е и заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, од Вреди, која ќе ги надгледува сите потребни процедури, со цел овој проект да започне што поскоро и да оди напред со незапирливо темпо. Ние сме за дела, ние сме за промени! Не за ветувања, туку за конкретни резултати. Граѓаните заслужуваат проекти кои директно влијаат на нивните животи, а овој пат е еден од најважните.
Имињата на членовите на групата се веќе избрани од двете страни и работата ќе почне со највисока професионална посветеност. Во иднина се очекуваат блиска координација и брзи чекори кон фазата на дизајнирање и потоа имплементација на терен.
Доказ за сериозноста на нашата работа е и формално потпишаниот документ, каде се именувани членовите на работната група. Буџетот за фазата на проектирање на тунелот е веќе распределен во годишниот буџет на нашата држава, што гарантира финансиска стабилност и волја овој проект да се заврши до крај.
Патиштата нѐ обединуваат. Патот Тетово-Призрен ќе стане реалност, соопшти Вреди