Ако вработеноста на жените е иста со мажите, БДП ќе порасне за 2,5 милијарди евра, велат експертите
Зборувајќи за економските придобивки од родовата еднаквост, Јовановиќ рече дека е голема дискрапанцата помеѓу мажите и жените коишто работат.
„Околу 53 отсто, односно повеќе од половина од мажите што можат да работат работат. Кај жените процентот е многу понизок само 38 отсто. Грубо кажано секоја трета жена што може да работи работи, а кај мажите секој втор маж работи. Огромен јаз има и во економската структура помеѓу мажите и жените. И тие релативно мал број жени коишто работат во државата заработуваат многу помалце од она што го заработуваат мажите, односно постои родов јаз во платите и изнесува 16 отсто. Ако споредите жена и маж што работат иста работа ќе видите дека жената е платена помалце од 84 отсто. Овој родов јаз постои и во Европа, но изнесува 12 отсто“, рече Јовановиќ.
Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА рече дека 93 отсто од граѓаните потврдуваат дека постои родовата нееднаквост во државата, од кои 64 отсто сметаат дека таа е реален или потценет проблем Дополнително, дури 60 отсто од граѓаните препознаваат колку е важна родовата еднаквост како вредност во интегративните процеси на земјата со ЕУ. Таа ги истакна наодите од пилотирањето на алатката РЕСИ – родовата еднаквост и социјална инклузија на Законот за детска заштита и клучните препораки за поголема активација на жените на пазарот на трудот поврзани со овој закон, а то се подобрен пристап до градинки и установи за згрижување на деца во предучилишна возраст и други алтернативни форми за згрижување на деца, искористување на неактивниот/ невработениот дел на популациајта во услугите за грижа и нивно вклучување во платена работа, отворање на детски градинки во состав на правни лица во јавни институции, приватен и граѓанскиот сектор.
Милка Димитровска, професорка од Институт за социолошки и политичко-правни истражувања која ја презентираше студијата за перцепциите и ставовите на граѓаните за родовите прашања. Таа истакна дека кога станува збор за обесправеноста на жените 87отсто препознаваат дека жените се најопесправена група, а од трите сектори кадешто жените се најмногу дискриминирани покрај политиката влегуваат обезбедувањето на социјални услуги и пазарот на трудот.
Во однос на перцепцијата за професии 71,3 отсто од граѓаните сметаат дека и мажите и жените се подеднакво способни да ја работат било која работа.
„Но, сѐ уште постојат стереотипи така што половина од граѓаните велат дека ризичните работи не се жаните, додека 30 отсто се изјаснуваат дека негувателските професии не се мажите“, рече Димитровска.
Мери Терзиева, извршна директорка од Домот за стари лица – Идила Терзиева, истакна дека пропорцијално треба да растат услугите поврзани со грижата на деца и на стари лица ако сакаме да имаме поголема застапеност на жените на пазарот на трудот. Исто така таа побара мерките поврзани со родовата еднаквост да имаат континуитет во нивното спроведување, бидејќи често се селучува мерките што биле воведени да се укинат.
Од ХЕРА соопштија дека сите учесници во дискусијата се осврнале на важноста на креирање политики што произлегуваат од реалните потреби на жените, како и на потребата од промена на јавните ставови за да се постигне долготрајна трансформација на општеството за унапредување на родова еднаквост.
The post Ако вработеноста на жените е иста со мажите, БДП ќе порасне за 2,5 милијарди евра, велат експертите appeared first on МКД.МК.