Љубчо Георгиевски: „Валандовскиот покољ“ – демистификација на великосрбскиот шовинизам и македонското виткање кичма пред него
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски повторно со фејсбук статус во однос на небулозите искажани на чествувањето организирано од страна на српските асоцијации во Македонија на како што велат тие „Валандовскиот покољ“ од 1915 година.
Сега џелатите се преставени за жртви, а жртвите за геноцидни.
Впрочем се е во оганизација на Македонија и ВМРО. Целта е да се осветат за претходните зверства и политички да ја присилат Бугарија да влезе во Првата светска војна, затоа што таа сеуште се колебала.
Вистината е дека имаме борба на регуларна окупаторска србска армија со револуционерна организација ВМРО и тоа со селските чети од регионот. Овој наратив е за да го сокријат срамот. Исто така го намалиле бројот на нивните жртви.
Шест илјади селани пребегнале во Бугарија.